Путин му одговори на Западот: „Нека размислат каде ќе заврши нашето оружје!“

274
EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста да испорача оружје на други земји како одговор на испораката на оружје за Украина.

На прес-конференција во Виетнам, Путин рече и дека Русија го задржува правото да испорачува оружје на Северна Кореја. Русија не ја исклучува испораката на оружје за други земји, како одговор на испораките за Украина, рече Путин, додавајќи „Западот нека размисли каде ќе заврши ова оружје“, пренесува Риа Новости.

Рускиот лидер рече и дека Москва размислува за можни промени во својата нуклеарна доктрина.