Путин: Го очекуваме Вучиќ на форумот на БРИКС

370
EPA-EFE/SERGEI BOBYLEV

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средба со српскиот вицепремиер Александар Вулин на маргините на Источниот економски форум во Владивосток изјави дека го очекува српскиот претседател Александар Вучиќ на форумот БРИКС во Казан. Вулин му ги пренел поздравите на претседателот Вучиќ на Путин со желба да остане силен и здрав, пренесува РИА Новости.

Путин упати поздрав и до Вучиќ и изрази надеж дека наесен ќе дојде во Казан и ќе учествува во настаните на маргините на самитот на БРИКС. Рускиот претседател изрази и надеж дека потпретседателот на српската влада ќе ги оцени можностите за соработка со рускиот Далечен Исток, но истакна и дека има благ пад на билатералната трговија меѓу Русија и Србија, нагласувајќи дека тоа е неопходно е да се разберат причините за ова.