Пукање во Филаделфија: Седум лица се повредени, меѓу нив и тројца тинејџери

44

Седум лица се ранети во пукотница во Филаделфија во американската сојузна држава Пенсилванија и се во стабилна состојба.

Полицијата соопшти дека пукањето се случило во средата вечерта и дека меѓу ранетите има тројца тинејџери на возраст од 16, 18 и 19 години.

На местото на настанот не е пронајдено оружје и засега нема уапсени, информираат од полицијата.

Истрагата за пукањето е во тек, пренесе АП.