Каталонскиот сепаратист Карлес Пуџдемон успеа да побегне од Шпанија и покрај налогот за негово апсење и ќе се врати во Белгија по кратката посета на Барселона, изјави во петокот генералниот секретар на неговата партија.
Пуџдемон планира да продолжи да работи од Ватерло, изјави генералниот секретар на партијата Junts (JxCAT – Заедно за Каталонија), Жорди Туруљо за каталонската радио станица RAC1. Пуџдемон беше во Барселона од вторникот вечерта, додаде.
Откако во четвртокот во близина на парламентот одржа краток говор пред поддржувачите на независноста на Каталонија, Пуџдемон успеа да исчезен. Двајца каталонски полицајци подоцна беа уапсени под сомнение дека му помогнале да избега.
Адвокатот на Пуџдемон претходно изјави дека тој е „надвор од Шпанија“. Адвокатот Гонзало Боје не кажа дали Пуџдемон се вратил во Белгија, каде што го помина најголемиот дел од својот речиси седумгодишен егзил. Пуџдемон ќе и се обрати на јавноста во блиска иднина, според него..
Пуџдемон беше еден од предвониците на обидот правно да се издејствува каталонска независност во октомври 2017 година на референдум што Шпанија кој Врховниот суд во Мадрид го прогласи за неуставен и го забрани. Потоа избега од земјата скриен во автомобил и поголемиот дел од своето време го мина во егзил во Белгија, којашто вообичаено ги одбива барањето на шпанските судови за екстрадиција на каталонските сепаратисти. Тоа го одбиваа и други земји членки на Европската унија, каде накратко престојуваше Пуџдемон. Тој извесно време престојуваше и на југот на Франција, кој опфаќа дел од пошироката област на Каталонија и каде живее значителна каталонска заедница.
Според извештаите, каталонската полиција, која требало да го уапси, не очекувала дека тој ќе исчезне веднаш по говорот.
Пуџдемон најави дека сака да присуствува на изборот на прошпанскиот социјалист Салвадор Ила за нов премиер на Каталонија во регионалниот парламент. Но, тој во четвртокот не дојде во парламентот, бидејќи му се закануваа апсење поради налогот за апсење издаден од Врховниот суд во Мадрид.
Шпанија воведе амнестија за сепаратистите, но по Пуџдемон сè уште има активен налог за апсење. Тој беше обвинет за злоупотреба на буџетски средства на Каталонија за организирање на референумот во 2017 година, кривично дело кое не е опфатено со амнестијата.