Претседателот на Палестина оди кај Путин

95
EPA/STR

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас ќе ја посети Русија од 12 до 14 август, каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска палестински дипломат.

Претседателот ќе пристигне вечерта на 12 август. Во вторник се очекува средба со претседателот Путин. Ќе ја напушту Москва на 14 август, но ќе има средба со арапските амбасадори“, рече Абдел Хафиз Нофал, палестински амбасадор во Москва.

Според дипломатот, главен предмет на консултациите ќе биде ситуацијата во Газа.

„Ќе се разговара за улогата на Русија и за тоа што може да се направи. Ситуацијата овде е многу тешка, а Русија ни е блиска земја“, рече тој.

По посетата на Москва, Абас заминува во посета на Турција.