Прекумерното растење на алгите најголема закана за Дојранското Езеро

74

Дојранското езеро повторно има проблем со намалување на нивото на водата, бидејќи со мали прекини речиси две години во езерото нема дотур на свежа вода од хидросистемот Ѓавато, но и поради испарувањата и неповолните хидролошки услови. На тој начин се загрозува живот свет во езерото, па заради тоа според познавачите  на состојбите мора итно да се преземат мерки, односно во најбрз рок да се пушти водата од хидросистемот Ѓавато.

Според Марко Наумовски, кој е доктор по општа медицина, а се занимава и со херпатологија, проучување на водоземците и влекачите, на Дојранското Езеро во моментов најголема закана му е еутрофикацијата, процес во кој се зголемуваат хранливите состојки и има прекумерно растење на алгите, при што водата позеленува.

Причина се испуштањето на хемиски материи од индустриски капацитети, детергенти и вештачки ѓубрива од земјоделството.

Освен еутрофикацијата, живиот свет во Дојранското Езеро преку лето е во опасност и поради големото затоплување на водата.

Езерото кое има просечна длабочина од околу седум метри во текот на големите жештини значително се загрева, што е уште една причина во најбрз рок да се пушти водата од хидросистемот „Ѓавато“.