Џозеф Чептегеи, таткото на трагично убиената атлетичарка од Уганда, Ребека Чептегеи, откри што му претходело на ужасното злосторство.
Според Чептегеи, на нападот на неговата ќерка му претходела расправија со нејзиното поранешно момче Диксон Нџема.
Според него, Ребека и Диксон се степале за парче земја што било во нејзина сопственост.
- Тие беа само пријатели и не разбирам зошто сакаше да и го одземе на ќерка ми она што е нејзино, изјави Џозеф Чептегеи за локалниот медиум „The Star“, со информацијата дека ниту едно од двете деца на Ребека не е од врската со Диксон, а воедно двојката се разделила одамна.
Mzee Joseph Cheptegei is pleading for justice for his daughter Ugandan athlete Rebecca Cheptegei who is in critical condition after she sustained more than 80 percent burns during an attack in Trans Nzoia. https://t.co/JlaYgW4ys3 pic.twitter.com/cIWaaDJ2VQ
— TheStarKenya (@TheStarKenya) September 4, 2024
Исто така, според него, двајцата биле дел од судски процес на Дирекцијата за криминалистички истраги во Кенија.