Иман Калиф, која е освојувачка на олимпиското злато во бокс за Алжир на Игрите во Париз, на свијот профил, на друштвената мрежа Инстаграм, покажа како изгледа надвор од рингот. За време на целиот олимписки турнир, но и пред него, таа беше главна тема на Игрите во Париз, бидејќи ја обвинуваа дека е маж.

Калиф беше една од двете боксерки во центарот на родовата контроверзност на Олимпијадата во Париз, а турнирот го заврши со севкупна победа во категоријата до 66 килограми. Во финалето таа со едногласна одлука ја победи Кинеската Лиу Јанг.

Олимпискиот комитет и дозволи да се натпреварува во женска конкуренција, иако минатата година ѝ беше забрането да се натпреварува на Светските првенства од страна на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) со олимписката златна медалистка во перо категорија, Лин Ју-Тинг од Тајван. Тоа е направено со образложение дека ДНК тестовите докажале дека имаа XY хромозоми и вишок тестостерон. Поради ова, многумина ја обвинуваат дека всушност е маж.

Но, со оглед на тоа што ИБА не го организираше олимпискиот боксерски настан во Париз, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) потврди дека е среќен што двете боксерки се натпреваруваат според помалку строгите правила за подобност по пол кои беа во сила за Игрите во Токио во 2021 година.

За многумина стана сомнително како е можно Келиф да се натпреварува на женски турнир. Многу се пишуваше за нееднаквоста во односот меѓу неа и нејзините ривалки, притоа заборавајќи на две работи. Таа веќе има настап на Олимписките игри во Токио, каде по победата во првиот меч беше поразена во четвртфиналната борба. Зад неа се и професионалните борби со сооднос кој не влева страв во коските. Таа нема изгубено борба од 2022 година, но има изгубено вкупно девет.

Сега, по неколку дена откако стана херој на Алжир, Калиф ја покажа својата друга страна, онаа надвор од боречкиот свет. На нејзиниот профил на Инстаграм, кој го следат 2,1 милиони луѓе, објави слика на која е дотерана и со шминка, се цо цел да ги отфрли шпекулациите дека е маж.

Во видеото таа се појавува во шарена облека, со уредна фризура и обетки, а објавата за еден ден собра близу 850.000 „лајкови“.