Во Унгарија од 16 август годинава ќе се зголемат казните за неовластено користење на патиштата. Висината на казната зависи од видот на возилото (со две, три, четири, пет или повеќе оски), видот на прекршокот и времето поминато од направениот прекршок.
Истовремено, од 1 септември ќе се прошири и мрежата на патарини. Наплатата на патарините на патишта ќе важи за товарни моторни возила со дозволена тежина над 3,5 т (Н2 и Н3) и автобуси (М2 и М3).