“Postmodern Jukebox” го носат Њујорк во Скопје!

18

На 14 декември во Македонската филхармонија ќе настапи најголемата и најинтересна концертна атракција во светот моментално, музичкиот колектив “Postmodern Jukebox”.

Овој состав е музички колектив кој во тотален винтиџ стил го носи духот на Њујорк во своите настапи во кои што на специфичен кабаре начин изведува песни во опсег од “Radiohead” и ” The White Stripes” , па се до Лејди Гага и Строкес.

Настапите на ” Postmodern Jukebox” во суштина претставуваат врвно џез и свинг кабаре кое наместо да одите да го гледате во Њујорк, ви доаѓа и можете да го гледате дома. Во тоа е тајната на нивните настапи низ светот кои се тотално распродадени, а за нивната гледаност на Јутјуб воопшто и нема потреба од дискусија.