Електричната енергија постепено се враќа во БиХ, Црна Гора, Хрватска и Албанија -причината за регионалниот дефект лоцирана во преоптовареноста на системот

54

Струјата, по масовниот прекин, постепено се враќа во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Албанија. Од Електро мрежата на Србија (ЕМС) за РТС изјавија дека состојбата со далноводите во Србија е стабилна.

Напојувањето со електрична енергија без која претходно денеска остана цела Далмација, постепено почна да функционира, јавуваат хрватските медиуми.

Струјата беше исклучена во делови од Хрватска, вклучувајќи ја и Далмација, како и во Албанија.

Хрватското електростопанство соопшти дека прекинот е предизвикан од „меѓународно нарушување“, кое зафатило повеќе земји, а се врши анализа и со соседните земји.

Според првите информации причина за снемувањето струја во Албанија е дефект на високонапонските водови.

Без струја останаа Тирана, Драч, Елбасан, Ѓирокастро, Кукеши, Лежа, Саранда и Скадар, пишува Албанската пошта.

Иако е во прекин далноводот меѓу Албанија и Грција, снабдувањето во Грција е стабилно.

Напојувањето со електрична енергија без која претходно денеска остана без цела Далмација, постепено почна да функционира, јавуваат хрватските медиуми.

Најдоцна до 15 часот и 30 минути целата територија на Далмација треба да добие струја, пренесе Хина.

Засега делови од Сплит, како и други градови и населени места се приклучени на електричната мрежа.

Министер за енергетика на Федерацијата Босна и Херцеговина: Системот полека се воспоставува

Министерот за енергетика, рударство и индустрија на Федерацијата Босна и Херцеговина, Ведран Лакиќ оцени дека прекинот на струја во Босна и Херцеговина е поради преоптоварување на мрежата.

„Проблемот во преносната мрежа во регионот и преоптоварувањето доведе до прекин на струја во поголемиот дел од Босна и Херцеговина. Сите напори се насочени кон што поскоро решавање на проблемот и враќање на струјата во домовите“, рече Лакиќ.

Федералните термоелектрани и хидроцентралите се враќаат во работа, вели тој.

„Најважно е да се вратат во функција термоцентралите и хидроцентралите и ги поздравувам сите напори што ги прават компаниите за дистрибуција на електрична енергија за што поскоро нормализирање на дистрибуцијата на електрична енергија. Системот полека се враќа Струја е пуштена во Тузла, Какањ, а полека се враќа и во населените места е под контрола“, нагласи Лакиќ.

Ситуацијата во Република Српска се стабилизира

Генералниот директор на Електропривреда Република Српска Лука Петровиќ изјави дека на секои десет минути системот се стабилизира во сите општини во Република Српска, пренесува РТРС.

Петровиќ рече дека е стабилизирано снабдувањето со електрична енергија во Бања Лука и Требиње.

„За неколку часа ќе има целосно уредно снабдување во Република Српска. Во исто време се стабилизираат и другите региони од Федерацијата Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска“, рече Петровиќ.

Црна Гора постепено добива струја

Струјата постепено се враќа низ цела Црна Гора, дел од Подгорица по еден час доби струја, јавува РТЦГ.

Црногорскиот министер за енергетика и рударство Саша Мујовиќ изјави дека станува збор за регионален дефект поради оптоварувањето на системот.

Работиме на нормализирање на ситуацијата и враќање на системот“, рече Мујовиќ.