Почина актерската легенда Доналд Сатерленд

989
EPA-EFE/WILL OLIVER

Легендарниот холивудски актер Доналд Сатерленд почина на 89-годишна возраст. Најпознат е по улогите во филмовите „Игри на гладта“, „Злато за храбрите“, „Маш“, „Валканата дузина“, „Клут“ и „Не гледај сега…

Веста ја потврди неговиот син Кифер Сатерленд на социјалните мрежи.

„Со тешко срце ве известувам дека мојот татко Доналд Сатерленд почина. Јас лично го сметам за еден од најважните актери во историјата на филмот. Го сакаше тоа што го работеше и го правеше она што го сакаше, а повеќе од тоа не можеш да бараш“, објави неговиот син Кифер на Инстаграм.

ПАТОТ ДО СЛАВАТА: Доналд Сатерленд актер со шестдецениска кариера и над 190 филмови и серии