По вечерната богослужба и осветувањето: Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Троеручица во центарот на Скопје/ФОТО

460

Скопската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска во 17 часот организира свеченост на иконата во храмот посветен на рождеството на Пресвета Богородица по повод нејзиното пристигнување од манастирот Хиландар на Света Гора.

Иконата ја пречека архиепископот охридски и македонски, Стефан, заедно со архијереите, свештенството и верниот народ на МПЦ.

По вечерната богослужба и откако беше осветена, од храмот тргна литија со иконата во центарот на Скопје. Голем број верници попладнево имаа можност да се поклонат пред чудотворната икона на Пресвета Богородица Троерачица и да учествуваат во литијата низ градот.

Фото: П.Стојановски