Планот на АфД за бегалците: „Само леб, кревет и сапун“

101
EPA-EFE/MARTIN ZIEMER

Пратеничкиот клуб на АфД во Бундестагот, на вонредна седница пред крајот на парламентарната летна пауза, го дефинираше фокусот на својата работа во наредните месеци, во поглед на следните сојузни избори кои треба да се одржат на крајот на септември.

Судејќи според содржината на усвоениот документ во кој се наведени главните позиции на политиката на АфД, членовите на Клубот во наредниот период сакаат да се концентрираат пред сѐ на три области: прашањето за внатрешната безбедност, економската и социјалната политика.

Според раководството на Клубот на пратениците на АфД, доминантна тема е прашањето за миграцијата. Потпретседателот на клубот Тино Чрупала во овој контекст рече дека миграцијата е „мајката на сите проблеми“.

Овој термин веќе ѐ е познат на германската јавност. Пред неколку години тогашниот сојузен министер за внатрешни работи Хорст Зихофер го означи миграциското прашање како „мајка на сите политички проблеми во оваа земја“. Беше 2018година, а Зихофер (ЦСУ) тогаш беше министер во владата на Ангела Меркел (ЦДУ), пишува Дојче веле.

Во усвоениот труд, клубот на пратеници на АфД повторно ги нагласува своите веќе познати позиции и, меѓу другото, бара одвраќање на мигрантите на германските граници, депортација на лица чии барања за азил се „отфрлени“ и доколку е потребно „подигање огради на границите“. Што се однесува до лицата кои со себе немаат валидни лични документи, постапката за проверка на правото на азил воопшто не треба да се отвора.

Дополнително, АфД во усвоениот документ се залага за намалување на даночното оптоварување, враќање на нуклеарната енергија и продолжување на работниот век на електраните на јаглен. Клубот на парламентарци на АфД ги брани моторите со внатрешно согорување, односно системите за греење (домаќинства) со мазут и гас.

Што се однесува до социјалната политика, членовите на Клубот на пратеници на АфД бараат: „Бургергелд само за Германците“ , а азил за бегалци – бенефиции во натура, а не парични трансфери. Сето тоа, како што велат членовите на АфД, „по принципот „леб, кревет и сапун““.

Лидерката на АфД и шефицата на Клубот на пратеници Алис Вајдел ја нападна владејачката коалиција, а во контекст на актуелните истражувања на јавното мислење, таа ја нарече владата на СПД, Зелените и „малцинството“ на ФДП. Владата мора да се повлече, смета таа. Вајдел ја обвини Унијата CDU/CSU за копирање од програмата на АфД во однос на миграциската политика.

Вајдел, исто така, ги дефинираше повеќе од амбициозните цели на АфД за претстојните избори во Бранденбург (22 септември 2024 година) и за претстојните сојузни избори: тие се движат во насока на „апсолутно мнозинство“, рече таа. И додаде дека само со АфД е можен „вистински пресврт по прашањето за азилот“.

Тековните и репрезентативните анкети на јавното мислење предвидуваат дека АфД ќе освои 27 отсто од гласовите. Што се однесува до рејтингот на национално, федерално ниво, АфД моментално ужива поддршка од 19 отсто од гласачите.