Пи Диди обвинет за сексуална злоупотреба на 25 малолетници, најмладата жртва имала 9 години!

1007
EPA-EFE

Познатиот рапер и продуцент Шон Пи Диди Комбс е обвинет за сексуално злоставување на 25 малолетници – меѓу кои и едно деветгодишно дете, беше откриено на прес-конференција.

Повеќе од 100 луѓе го тужат американскиот рапер за сексуален напад, силување и сексуална експлоатација, јавува Би-Би-Си повикувајќи се на американскиот адвокат Тони Базби.

Адвокатот од Тексас во вторникот објави дека застапува 120 поединци во граѓански тужби за ужасни наводи кои ги опфаќаат последните три децении.

„Ова е важно прашање што имаме намера агресивно да го следиме. Сакам да се фокусирам на возраста на тие жртви. Кога зборуваме за возраста на која се случило ова однесување, тоа е шокантно“, им рече Базби на новинарите.

„Таа личност, која тогаш имаше девет години, беше однесена на аудиција во Њујорк со Bad Boy Records, а и другите момчиња беа на аудиција таму. Друг пример, личност која тогаш имала 15 години, била донесена во Њујорк за да присуствува на забава, каде што била дрогирана, а потоа одведена во приватна соба, наводно, во присуство на г-дин Комбс“, им рече Базби на новинарите.

Ерика Волф, адвокат кој го застапува Диди, рече дека раперот „жестоко и категорично“ ги негира наводите, велејќи дека тие се „лажни и клеветнички“.

Базби на прес-конференција рече дека тој и неговиот тим „ќе го превртат секој камен за да ги најдат потенцијалните одговорни“ за наводната злоупотреба.

Вулф изјави за Би-Би-Си дека Комбс „со задоволство ќе ја докаже својата невиност и ќе се оправда пред суд, каде што вистината ќе се утврди врз основа на докази, а не на шпекулации“.