EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Австралискиот кошаркар Пети Милс потпиша едногодишен договор со Јута џез.

Во сезоната 2024/2025, тој ќе заработи 3,3 милиони долари. Тоа ќе биде негов шести тим во 16-годишната кариера, па така повторно ќе соработува со Вил Харди. Вил, како помошник на Грег Попович, го тренираше  Пети во Сан Антонио.

Овој кошаркар ја започна минатата сезона во Атланта, а на средина од кампањата пристигна во Мајами, каде што, во просек, бележеше по четири поени, 1,1 скок и 1,1 асистенција на натпревар.

Својата најголема трага ја остави во споменатиот Спарс, за кој играше десет години, а играше и за Бруклин и за Портланд.