Вчера и денес раководството на УЈП и структурите вклучени во реформата за дигитализација на УЈП одржаа неколку работни средби со претставници од Светска Банка, во рамки на мисијата на Светска Банка за проектот “Ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии”.
Се разговораше за приоритетите и динамиката на реализација на проектите кои се финансираат со заем од Светска Банка и нивната поврзаност и условеност со проектите кои се финансираат од буџетски средства.
Директорката Елена Петрова даде уверување дека ќе обезбеди услови за непречено менаџирање и имплементација на проектите за дигитализација.