Пет предизвици за Марк Руте, новиот генерален секретар на НАТО

127

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе се соочи со пет предизвици кога ќе ја преземе функцијата генерален секретар на НАТО – можното враќање на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, прашањето за воена поддршка за Украина, европските лидери со симпатии кон рускиот претседател Владимир Путин, поплаки од источниот блок и недостаток на пари за одбрана, пишува Политико.

Кампањата на Руте за генерален секретар заврши вчера кога ја обезбеди поддршката од сите 32 сојузници на НАТО. Романија е последната што ја објави својата поддршка откако романскиот претседател Клаус Јоханис се повлече од трката за нов генерален секретар на Алијансата во четвртокот.

На 1 октомври му завршува мандатот на актуелниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а по преземањето на функцијата, Руте, пред сè, ќе се соочи со можното враќање на власт на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој е скептичен кон НАТО, имајќи предвид дека претседателските избори во САД ќе се одржат четири недели откако Руте ќе ја преземе новата функција.