Пцовиса повредениот и истоштен царски орел што го однесоа пожарникарите од доброволното противпожарно друштво од Кочани во Зоолошката градина во Скопје, за негово згрижување и ветеринарен третман, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина. Орелот што го спасија пожарникарите од покрив на викендичка на Пониква, умре на шести август.
Од Државниот инспекторат за животна средина информираат дека биле известени за случајот од Македонското еколошко друштво, а комуницирале и со Управата на скопската Зоолошка градина и со Факултетот за ветеринарна медицина (ФВМ).
Птицата, веднаш по умирањето, била однесена на ФВМ, каде што стручни лица професори вршат обдукција за да се утврди точната причина за смртта.
Македонското еколошко друштво, по добивањето на финалниот обдукциски извештај, ќе изготви информација за јавноста, по 12 август.