ПАТОТ ДО СЛАВАТА: Доналд Сатерленд актер со шестдецениска кариера и над 190 филмови и серии

199

Познатиот актер Доналд Сатерленд почина на 88-годишна возраст во Мајами, по долга борба со болеста. Тажната вест ја потврдија и неговите претставници за печатот.

Доналд Сатерленд имаше кариера која опфаќа повеќе од шест децении и над 190 филмови и серии.

Плодниот актер успеа да се прослави во некои од најпрепознатливите филмски ѕвезди во светот, па практично не постои човек кој не гледал барем една продукција во која учествувал Сатерленд.

Иако никогаш не освои ниту една од главните филмски награди за главна улога, тој освои два Златни глобуси за најдобра споредна машка улога – во филмовите „Граѓанин Икс“ и „Патот до војната“. Исто така, во 2017 година се закити со почесен Оскар.

Сатерленд е роден во Канада во 1935 година, каде студирал драма на Универзитетот во Торонто, но во 1957 година се преселил во Лондон каде што се приклучил на класата по глума на Лондонската академија за музика и драмска уметност. Кариерата ја започна играјќи мали улоги во британските телевизиски серии, полека придвижувајќи се кон се повеќе познати и сериозни филмови. Вратата на славата му ја отвори воениот акционен филм „Дванаесетте жигосани“ со темата на Втората светска војна.

Актерот бил екстремен антивоен активист, па подоцна снимил уште неколку филмови со антивоена порака, поради што се наоѓал на „списокот за набљудување“ на американската Агенција за национална безбедност во периодот од 1971 до 1973 година.

Од средината на осумдесеттите го започна неговиот подем во кариерата кој траеше практично до неговите последни денови, покривајќи широк спектар на жанрови и улоги; снимал сè – од психолошки ужаси до трилери и научна фантастика до сериозни драми и дистописки филмови.

Сатерленд се женел три пати, а сите три негови сопруги биле актерки. Од 1959 до 1966 година бил во брак со Луиз Хардик, од 1966 до 1970 година со Ширли Даглас и од 1972 година со Френсин Рејсет. Имаше пет деца, Кифер, Росиф, Рејчел, Ангус и Рог.