Патник кој не се качил на кобниот лет во Бразил: „Се скарав со вработен на аеродромот – тој ме спаси“

208
EPA-EFE/ISAAC FONTANA

Во авионската несреќа во близина на Сао Паоло во Бразил, загинаа 62 лица, а бразилските медиуми разговарале со патниците кои не успеале да се качат на летот.

Еден од нив е Адријано Асис, кој за медиумите раскажал дека имал голема среќа.

„Кога пристигнав на аеродромот го чекав летот, но екраните не покажуваа ништо. На шалтерот немаше никој. Околу 10:41 часот службеникот ми кажа дека не можам да се качам на летот бидејќи поминало времето за качување. Дури и се расправав со него, но на крајот тој ми го спаси животот“, изјави Асис за Hoje TV GLOBO.

Освен Адријан, уште двајца патници за локалниот портал CGN изјавиле дека се изгубиле на аеродромот и затоа не можеле да се качат.

Тие раскажале дека се лутеле во тој момент, но на крајот гневот се претворил во олеснување. Повторно сум роден“, рекол еден од нив.

Авионот, да потсетиме, полета од Каскавел кон Гуаруљос. Никој не преживеа во авионската несреќа.