Овој симптом, кој се јавува најчесто во топлите денови, може да биде знак за дијабетес

587

Дијабетесот е сериозна здравствена состојба предизвикана од високо ниво на шеќер во крвта.

Се случува луѓето да ја имаат оваа болест долго време без да знаат. Еден чест симптом на дијабетес лесно може да се занемари како резултат на високите летни температури.

Националната здравствена служба на Англија истакнува дека прекумерната жед е предупредувачки симптом на дијабетес. Тоа е предизвикано од акумулација на вишок гликоза во крвта. Следствено, бубрезите мора да работат понапорно за да го филтрираат вишокот шеќер.

Ако бубрезите не можат доволно брзо да го апсорбираат, вишокот шеќер завршува во урината, извлекувајќи течност од ткивата на телото, што доведува до дехидрација и жед. Високите нивоа на шеќер во урината предизвикани од дијабетес, исто така, може да резултираат со урина со сладок или овошен мирис. Покачениот шеќер доведува до дехидрација, охрабрувајќи го човекот да консумира повеќе вода и последователно да уринира почесто.

Раното препознавање на симптомите на дијабетес овозможува брза медицинска помош за контрола на болеста. Иако не постои лек за дијабетес, достапни се третмани за ублажување на симптомите. Други знаци на дијабетес на кои треба да внимавате се: хроничен замор, губење на тежината без диета, чешање на одредени делови од телото, бавно зараснување на исекотини и рани и заматен ви.