Истакнатиот политичар на Алтернатива за Германија (АфД) Бјерн Хеке (52) е на суд по втор пат за само неколку месеци поради употреба на забранета нацистичка парола во јавноста. И двата пати тврдеше дека нема поим дека слоганот „Сите за Германија“ е забранет, пишува германски „Дер Шпигел“.
Бјорн Хеке е професор по историја, а „Сите за Германија“ е забранетиот слоган на нацистичките единици на СА. Тој опстојува на својата позиција на жртва: ако не беше водечки политичар во Тирингија, истакнува тој, тоа веројатно немаше да му се случи. Неодамна во Тирингија се одржаа покраински избори, а АфД е релативен победник на изборите со 32,8 отсто од гласовите, пред ЦДУ, БСВ и другите партии. Со оглед на многу малиот коалициски потенцијал, не се очекува тие да можат да формираат влада во таа германска покраина.
На неодамнешните европски избори, АфД беше втора партија во Германија со 15,9 отсто од гласовите, зад опозициските демохристијани ЦДУ-ЦСУ (30 отсто). Во Тирингија на Хеке беа први со 30,7 гласови и сега го надминаа тој резултат.
Анкетите сега им даваат 15 до 18 проценти на национално ниво. Проблемот е што и покрај масовните протести против АфД, кои траат со недели, бројот на граѓани кои веќе не ја исклучуваат можноста да гласаат за нив сè уште расте. Без оглед на сите скандали и обвинувања за финансирање од Кина и Русија, АфД се лизга кон мејнстримот.
Хеке беше осуден пред регионалниот суд на 14 мај на парична казна од 100 дневници од 130 евра за завршување на говорот во мај 2021 година со забранетиот нацистички слоган „Сите за Германија“.
На крајот на јуни му беше судено пред истиот судија и истиот обвинител за повторување на таа парола на митингот на АфД во декември 2023 година. Околу 350 собрани зад него скандираа: „Германија, Германија!“.
Тој бил „потресен“ од првата пресуда, пишува „Шпигел“, а судењето го нарекол фарса.
– Знам дека ќе бидам осуден, но за мене ова повеќе не е уставна држава, тоа морам да го кажам многу јасно – изјави Хеке.
Тој е шеф на пратеничката група на АфД во Тирингија. Огранокот на партијата во источната покраина е класифициран како десничарски и екстремистички од страна на внатрешната тајна служба на Германија.
Судот за прв пат не му поверува дека не знаел дека „Сите за Германија“ е забранетата парола на хитлеровите трупи. Тој тешко дека не знал – скандалот избувна во 2017 година, кога политичар на АфД го имаше испечатено тој слоган на плакати во кампањата за сојузните избори.
Хеке е веројатно најпознатиот политичар на АфД, „Шпигел“ го нарече вистински шеф на партијата во 2022 година.
Како наставник по историја, во 2003 година почнува да објавува написи во весници, во кои го релативизира Холокаустот.
Тој се преселил во Тирингија во 2013 година и помогнал да се основа огранок на АфД. Меѓу другото, тој ја критикува германската политика на меморија, според него, справувањето со нацистичките воени злосторства и искривената историја на холокаустот бидејќи ги засени другите германски искуства.
– Нема повеќе германски жртви, останаа само германски сторители – рече тој во 2017. Соработниците на поранешната канцеларка Ангела Меркел ги нарече ‘Тат-елита’. Тој го нарече споменикот на Холокаустот во Берлин „споменик на срамот“, а еднаш рече дека е проблематично „што Хитлер е претставен како персонификација на апсолутното зло“.
Со години и АфД се обидуваше да го држи настрана. Сега неговите сојузници имаат две третини од водечките позиции во партијата, пишува NYT. АфД еволуираше од мала, евроскептична конзервативна партија во далеку порадикална партија која се залага за „ремиграција“, масовна депортација на имигранти, па дури и на оние со германско државјанство, ако мислат дека не се вклопуваат доволно добро.
И најморбидно во се е историскиот потсетник: Тирингија беше првата германска провинција каде нацистите ја презедоа власта, пишува српски “Блиц“.
Пред судењето во јуни, Хеке во телевизиска емисија изјави дека намерно бил погрешно претставен. Тој, како што истакна, ги осудува нацистите.