Отстранета огромна дива депонија на улицата „Московска“ во Карпош

58

Во текот на изминатите неколку дена, повторно е забележано зачестено одлагање отпад на јавни површини во општина Карпош. Екипите на ЈП Комунална Хигиена денеска подигнаа и транспортираа приближно четири кубни метри отпад од огромна дива депонија составена претежно од мешан комунален отпад и отпад од амбалажа и пакување, лоцирана на улицата „Московска“.

Од претпријатието апелираат до жителите на оваа скопска општина внимателно и совесно да постапуваат со својот отпад и истиот да не го одлагаат на јавни или сообраќајни површини, затоа што таквото однесување директно придонесува за загадување на животната околина.

Доколку граѓаните имаат потреба да се ослободат од својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди, ЈП Комунална Хигиена им ја нуди можноста, овој вид отпад да го одложат без плаќање на надоместок во Центарот за селекција, лоциран токму во општината Карпош, секој ден во неделата, од 09 до 19 часот.