Општина Аеродром донесе процедура за внатрешна комуникација

687

Општина Аеродром донесе Процедура за внатрешна комуникација, со цел подобра деловна комуникација и стандардизиран начин на споделување на информации.

Како дел од проектот на „USAID North Macedonia“ за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите и согласно потпишаниот Меморандум за соработка, Општина Аеродром во изминатиот период одржа работни сесии во кои беа вклучени сите вработени службеници, координирани од страна на секретарот на општината.

-Како резултат на оваа соработка Општина Аеродром донесе Процедура за внатрешна комуникација, со која ќе се унапреди деловната коресподенција и ќе се постигне стандардизиран начин на споделување на информации и обезбедување на: интегритет, правичност, тимска работа, ефективност и отчетност – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека процедурата е изработена во насока на подобрување на капацитетите на човечките ресурси, обезбедување на поголема продуктивност на општинската администрација и обезбедување на поефикасен сервис за граѓаните.

Истата е јавно достапна на општинската WEB страна, на следниот линк: https://bit.ly/4cman9M.