Големиот пожар се уште беснее на ридовите над Режевиќ кај Будва. Шефот на Службата за заштита и спасување на Будва, Драган Божовиќ за „Вијеста“ изјави дека пожарот се уште е на врвот на ридот.
Тој рече дека пет екипи пожарникари се распоредени на три локации во местата Катун, Дробниќи и Крстач со цел да реагираат доколку пожарот почне да се спушта кон населените места.
View this post on Instagram
„Засега нема ветер и нема страв дека пожарот ќе се спушти, но ние сме на терен и ќе реагираме доколку се случи. Пожарот зафатил непристапен терен“, изјави Божовиќ.
Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека огнените јазици се високи и дека пожарот брзо се шири, пишува Вијести.