Одмаздата се служи ладна: Бритни се напи коктел во чест на апсењето на Џастин

772

Бритни Спирс во својата автобиографска книга, која ја објави претходно оваа година, призна дека еднаш абортирала. Ова се случило, ако и се верува на контроверзната ѕвезда, откако таа затруднела во врската со Џастин Тимберлејк.

Џастин, наводно, во тоа време не сакал да ја исполни својата улога како родител.

Спирс се забавуваше со Џастин Тимберлејк од 1999 до 2002 година.

По објавувањето на книгата, обожавателите на Спирс на социјалните мрежи го навредуваа Џастин.

Сега дојде време и Бритни да „ликува“.

Џастин во вторникот беше обвинет дека возел во алкохолизирана состојба и бил пуштен од полициски притвор во Њујорк, каде што поминал неколку часа.

Веднаш по објавувањето на веста, Спирс на својот Инстаграм профил објави слика на која пие коктел.

Фановите велат – во чест на апсењето.

После тоа Спирс објави неколку кадри, а возбудата и среќата не можеше да ја сокрие. Таа танцуваше со сета сила. Се чини дека одмаздата се сервира ладна.