Од утре, двонасочен сообраќај по улиците „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“

266

Утре започнува двонасочен сообраќај на улиците „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ во Велес.

Од Општината велат, тоа произлегува од потребата за унапредување на севкупното ниво на услуга на овие улици, а по претходно добиена согласност од МВР – СВР Велес.

– Режимот на сообраќај во подрачјето на опфат е дефиниран со хоризонтална и со вертикална сигнализација, согласно со законската регулатива и согласно со потребата за уредување на сообраќајот и на безбедноста во сообраќајот – соопштија од локалната самоуправа.