петок, февруари 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција – прва...

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција – прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

42
Денеска (20.02.2026) од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ, соопшти МВР.
Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница, соопшти МВР.

ИЗДВОЕНИ