Oтстранети 229 непрописно паркирани возила од јавните површини

28

Во текот на изминатата недела, од 03.06 до 09.06.2021 година со специјалните возила пајак на јавното претпријатие „Градски паркинг“ се подигнати 229 возила од јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 21 е отстрането од зонските паркиралишта, а другите 208 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 411 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 21 возило е отстрането со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

При тоа, ги предупредуваат сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото.

Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.