Oсигурителни компании од Турцијa сакаат соработка во здравственотo и осигурувањето од земјотреси

18

Осигурителни компании од Турција, членки на Истанбулската трговска комора (ИТО), вчера на средба со Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) во Скопје ги разгледале можностите за развивање заднички производи и оцениле дека е можна соработка во областа на здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси.

Ова, како што информира МАТТО, е прва посета на претставници на осигирителна индустрија на Република Турција. Посетата е истражувачка за проценка на можност за соработка, инвестиции и проектно партнерство.

-Турската бизнис делегација, предводена од претседателот на Здружението на осигурителните куќи, Хусејин Дуру, беа пречекани од претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски и од Марија Томеска, потпретседател на МАТТО и претседател на Управниот одбор на „Еуролинк“. Двете страни ги претставија индустриите и констатираа дека заеднички можат да развиваат осигурителни производи: здравствено осигурување, кое е во подем кај нас, а во Турција доживува експанзија, како и осигурување во областа на штети од земјотреси, кое кај нас не постои, а во Турција е развиено. Турската страна ја презентираше онлајн платформата „Осигурителен инфо центар” што ја интегрира цела осигурателна индустрија (економски оператори, производи и цени), а се апдејтира на дневната основа. Со платформата се постигнува транспарентност, и за компанниитре и за граѓаните и се влијае на регулацијата на овој пазар, информира МАТТО.

Осигурителната индустрија во Турција лани направила обрт од 12 милијарди евра.