Oпштина Велес доби донација од 60 илјади заштитни медицински маски

19

Шеесет илјади заштитни медицински маски за Општина Велес, донираше Муслија Мустајбашиќ од село Горно Оризари, кој живее и работи во Будимпешта. Кутиите со маски вчера и биле предадени на Општина Велес, а најголем дел од нив ќе бидат наменети за потребите на ЈЗУ Општа болница Велес, информираа денеска велешките локални власти.

Тие изразија благодарност до донаторот и неговото семејство и повикаа и други поединци  и компании да го следат неговиот хуман потег

Семејството Мустајбашиќ претходно медицински маски донираше и во Општина Градско и во Горно Оризари.

Тој со заштитни медицински маски, досега, ја обезбедил и  Детската клиника „Козле“ во Скопје.

Извор:МИА