Oнлајн промотивен настан „Промовирање на заеднички вредности низ Европа“

29

Во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија денеска ќе се одржи онлајн настанот на проектот: „Промовирање на заеднички вредности низ Европа”.

Целта на овој проект, информираат организаторите, е да се охрабри активното граѓанско учество, да се запознаат граѓаните со нивните права и обврски кои произлегуваат од ЕУ членството, ЕУ вредностите и да се дискутира за иднината на ЕУ и евроскептицизмот.

Транспаренси Интернешнл – Македонија го имплементира овој проект заедно со Транспаренси Интернешнл – Унгарија, Асоцијација Експертски Форум од Романија и Косовскиот Демократски Институт.