Откако кошаркарскара репрезентација на Македонија остана без селектор, претседателот на Федерацијата, Перо Антиќ, веќе го најави наследникот на Јорданчо Давитков.

Веднаш по објавувањето дека Давитков нема да биде селектор започна да се споменува Октај Махмути кој во својата кариера ги водеше Анадолу Ефес, Бенетон, Даушафака и Галатасарај, а изгледа дека и Антиќ со една фотографија објавена на социјалните мрежи потврди дека Махмути ќе биде новиот предводник на репрезентацијата.

  • Можам да кажам дека новиот селектор ќе биде од Македонија, но со интернационална кариера, изјави Антиќ на брифингот одржан во четвртокот.

Инаку, Махмути е роден скопјанец кој целата тренерска кариера ја мина надвор од границите на Македонија, тој ги одби претходните две раководства на МКФ да стане селектор, но овојпат по се изгледа ја прифати понудата.