Oдложување на „Рекет“ поради здравствената состојба на Катица Јанева

100

Адвокатите на Катица Јанева поднеле барање за одлагање на денешното рочиште за „Рекет“. Како причина е наведено дека обвинетата користи мерки од Владата за спречување на ширење на коронавирусот, со оглед дека според нејзината здравствена состојба, таа е во ризичната група граѓани.

Судијката Васка Николовска – Масевска одлучи да го прифати барањето поднесено од Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев за одложување на денешното рочиште за „Рекет“, а наредното го закажа за три дена од сега, односно за во четврток.

Во поднесокот е наведено дека станува збор за хронична здравствена состојба. Но, освен поради здравјето на Јанева, одлагање се бара и поради друга причина, односно здравствената состојба на еден од нејзините адвокати.