Oбезбедени 72 пакети со храна за лица во социјален ризик

42

Долгогодишна соработката  на Амбасадата на Франција во Скопје и Црвениот крст на град Скопје, продолжува и за време на кризата предизвикана од вирусот ковид-19

Како што информираат од Црвениот крст на град Скопје, по повод одбележување на 14 јули-Национален празник на Франција, од нивна страна е реализирана донација преку која се обезбедени 72 пакети со храна кои ќе бидат наменети за лица во социјален ризик, многудетни семејства и лица во изолација.