Oчекувам 3,7 проценти да биде просечниот раст следната година, вели Мицкоски

45

Очекувам 3,7 проценти да биде просечниот раст следната година, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

– На владина седница помина буџетот, кој би требало деновиве да се најде и пред пратениците. Очекувам 3,7 проценти да биде просечниот раст следната година. Очекувам во третиот квартал да се движиме меѓу 2,5 и 3 проценти. Очекувам во четвртиот квартал меѓу 3 и 3,5 проценти, а не би се изненадил ако првиот квартал в година, ако сè биде како што проектираме и со инвестициите на компаниите и со инвестициите на државата, да дојдеме и до четворка. И не би се изненадил ако следната година биде 3,7 повеќе, бидејќи такви се оние индикатори со кои располагаме сега, во моментот. Има уште некои работи што треба да започнат со функционирање, некои фабрики што сѐ уште не се започнати. Јас очекувам да започнат во периодот што следува. Така што оваа година сме, т.е. проекцијата за следната година е на 3,7, но не би се изненадил ако биде тоа и повеќе – изјави премиерот.

Премиерот додаде и дека капиталните инвестиции се на ниво на 50 милијарди, од кои 32 милијарди се од буџетот, останатите 18 милијарди се од оние тековни програми.

– Капиталните инвестиции се некаде на ниво на 50 милијарди, од кои 32 милијарди се од буџетот, останатите 18 милијарди се од оние тековни програми, но и нови што ќе следуваат. Буџетскиот дефицит е околу 41-42 милијарди, така што очекувам, имајќи ги предвид сите теренски активности, кои се забрзани, конечно, силен „комитмен“ од Бугарија за коридорот 8, пругата, да биде јасен во јавноста и тука да почнат да се движат работите. Така што не би се изненадил ако отидеме и ја видиме четворката следната година – истакна премиерот Мицкоски.