Oткупот и продажбата на земјоделски производи зголемени за 5.9 % во однос на лани

68

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2019 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 5.9 % во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 12.5 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 8.9 %.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, индустриските растенија, градинарските растенија, овошјето, млекото и рибата, а намалување е забележано кај: фуражните растенија, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млечните производи.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување во месец февруари, додека во јануари и март е забележано намалување на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи.