Oд светот на “Ѕвездите на Гранд“:Пејачот Филип Божиновски наскоро ќе биде татко

175

Македонската “Ѕвездата на Гранд“, пејачот Филип Божиновски, кој стаса и до финалето во ова познато балканско ТВ-шоу, а кој потоа дома настапи на неколку фестивал и освои награди, наскоро станува татко. Тој е две години во брак со својата сакана Сања.

„Во ова време-невреме чекаме една многу убава работа да ни се случи“ напиша пејачот Божиновски во описот на фотографијата на која позира со неговата сопруга на која се гледа дека нејзиното стомаче е потпораснато, така што идните родители имаат причина да бидат одлично расположени. Покрај тоа што ќе си бидат мама и тато ги чекаат и сите они неизбежни слатки обврски.  Д.М.