Русите реагираа на изјавата на Столтенберг за нуклеарното оружје – тензиите ги смируваше портпаролката на НАТО

1130
EPA-EFE

Откако генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека земјите членки на алијансата размислуваат за распоредување на повеќе нуклеарно оружје, реакција стигна и од Русија.

Меѓу првите што реагираше беше портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, кој рече дека коментарите на Столтенберг се во спротивност со најавата дадена по мировната конференција во Швајцарија.

„Ова не е ништо друго освен уште една ескалација на тензиите“, рече Песков.

Кремљ: Изјавата на Столтенберг за нуклеарното оружје е уште една ескалација на тензиите

Недолго по изјавата на Песков, повторно се огласија челниците на НАТО, а портпаролката на Алијансата, Фарах Даклала се обиде да ги разјасни ставовите на генералниот секретар.

„НАТО е посветена на обезбедување безбедно и ефективно нуклеарно одвраќање. За таа цел, имаме тековна програма за модернизација за замена на застареното оружје и авиони. Освен тоа, нема значајни промени во нашето нуклеарно одвраќање“, рече таа.

Инаку, Столтенберг во интервју за Телеграф изјави дека во тек се консултации меѓу членките на НАТО за повлекување на ракетите од складиштето и нивната подготвеност за распоредување како одвраќање.

„Нема да навлегувам во оперативните детали за тоа колку нуклеарни боеви глави треба да бидат оперативни и кои треба да се складираат, но мора да се консултираме за тие прашања. Токму тоа го правиме“, рече Столтенберг во интервју за Телеграф.

Столтенберг: НАТО размислува да стави нуклеарно оружје во состојба на подготвеност