НОВИ ДЕТАЛИ: Како е осуетен планираниот масакр на концертот на Тејлор Свифт?

980
EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Тројца тинејџери се поврзани во подготовка на терористички напад, а обожавателите на поп ѕвездата се разочарани од откажувањето на концертите.

Виена е на нозе по откажувањето на концертите на една од најголемите светски ѕвезди Тејлор Свифт. Скоро 200.000 луѓе купиле скапи билети неколку месеци однапред, од кои многумина отпатувале во главниот град на Австрија и останале разочарани кога организаторите откажале три концерти поради терористички закани. Непосредно пред концертот, уапсен е деветнаесетгодишен млад човек со австриско државјанство и македонско потекло. Во својот дом во Терниц, како што потврди шефот на Генералната управа за јавна безбедност на Австрија, Франц Руф, тој го планирал нападот и направил експлозивна направа.

На крајот на јули ја напуштил работата и се фрлил на планирање терористички напад, во име на Исламската држава. Во неговиот стан полицијата пронашла разни докази и експлозиви кои требало да ги употреби на стадионот кога американската ѕвезда требало да има концерт во четврток и петок. Пронајдени се и фалсификувани евра, а осомничениот немал билет за концертот, туку мислел да упадне користејќи го оперативното сино светло што го користела полицијата. Требаше да се убие себеси и поголема група луѓе“, соопшти полицијата.

Пронајден е и пропаганден материјал, ножеви, мачети, пиштоли. Уапсено е и седумнаесетгодишно момче кое учествувало во подготовките за концертите и веќе било на стадионот кога бил уапсен, а се претпоставува дека има хрватски корени. Пред концертот раскинал со својата девојка и се разочарал „во цел свет“. Под сомнение е и петнаесетгодишен австриски државјанин, а истрагата продолжува.

Степенот на опасност од тероризам во Австрија е подигнат на највисоко ниво, а уапсениот млад човек и признал се на полицијата. Се претпоставува дека тој не ја користел мрежата што ја има Исламската држава во Европа и дека освен двајцата тинејџери немал други помошници. Тој наводно во јуни се заколнал на лојалност на Исламската држава, а негова прва цел биле собраните пред стадионот кои не можеле да влезат. Тој имал план да го забие својот автомобил во толпата и да употреби ножеви и мачети, заедно со експлозивот. Тој ги украл хемикалиите за правење експлозив на работното место каде што работел.

Сакал да ги убие „неверниците во Виена“, планирал со автомобил да влета во 20.000 фанови, да ги нападне со мачети и на крај да активира бомба  

Хотелите во Виена се преполни со странци кои дојдоа на концертот, а градот нормално е полн со туристи во овој период од годината. Сите се загрижени и исплашени бидејќи не знаат дали опасноста се уште постои и имаат намера брзо да ја напуштат Виена.

Организаторот на концертот ќе ги врати парите за купените билети, а најлошо поминале оние кои купиле билет од 1000 евра од препродавачи пред концертот. Ситуацијата е се уште опасна“, соопшти полицијата и најави засилено присуство на границите.

Екстремната десница, која добива се поголемо влијание, тврди дека се виновни имигрантите на кои им била дадена можност да живеат во Австрија, но не ги прифатиле стандардите на австриското општество. Помали инциденти и напади врз имигранти и сите оние кои не се „чисти“ Австријци се евидентирани на улиците во Виена, а министрите во австриската влада најавија нови мерки против тероризмот, кои треба веднаш да стапат на сила.