Новак Ѓоковиќ за претседател на Србија?

881
EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Откако Новак Ѓоковиќ уште еднаш ги помести границите во светот на спортот, кога во неделата на 4 август го освои златото на Олимписките игри во Париз, реакциите за неговата победа не стивнуваат. Во големото финале, веројатно најважното во кариерата, српскиот тенисер во два тај-брејка го совлада Карлос Алкараз.

Новак долго чекаше да го освои олимпиското злато под знамето на Србија

На прес конференцијата по натпреварот покрај десетиците прашања на новинарите, едно беше прилично интересно.

Имено, Ѓоковиќ беше запрашан дали една од неговите следни желби е да стане претседател на Србија, со оглед на тоа што често се споменува неговата популарност меѓу српскиот народ, па многумина го гледаат како успешен политичар во иднина.

„Пријателе, среќен сум со мојот живот, сакам да уживам во моментот со семејството“, одговори Новак на прашањето на странскиот новинар.

Она што е сигурно е дека Ѓоковиќ моментално не размислува за политички ангажман, но во иднина се е можно, особено кога ќе се повлече од спортот како професионален тенисер.