Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за четвртфиналниот меч на Мастерсот во Шангај со Јакуб Меншик, а тоа време го искористи да се опушти.
Новак во Шангај игра по пет години, а очидгледно добро се забавува во Кина и тоа организаторите го покажаа на денот на мечот со младиот Чех.
Познато е дека Новак сака да игра игра слична на „бочање“, кога од мрежата се фрла топката кон основната линија, а токму тоа го правеше пред средбата со Меншик.
А, колку е навикнат на таа игра покажа и тоа што ја погоди самата линија.
View this post on Instagram
Знаеше тоа како и да го прослави, па ги повтори гестикулациите по кои е познат Леброн Џејмс, пред да го имитира и Кристијано Роналдо.
Навивачите тоа го дочекаа со гласна поддршка од трибините, што впрочем го правеа сите претходни денови откако српскиот играч дојде во Кина.
Доколку Ѓоковиќ успее да го совлада Меншик во петок по 12:30 часот, во полуфиналето на Мастерсот го чека Тејлор Фриц кој во својот меч го победи Дејвид Гофан.