НОВА ЛАСЕРСКА ТЕХНОЛОГИЈА ВО ЕВРОПСКАТА ОЧНА БОЛНИЦА

1316

Европската очна болница постои повеќе од 10 години на Балканот и е прва специјализирана очна болница во Македонија.

Брендот е изграден на темел на тимската работа на професионалци од Турција и Македонија, а оваа практика продолжува и денес.

Нашиот тим составен, од една страна од еминентни лекари од Турција, а од друга страна офталмолози од Македонија со докажана професионалност, е срцето на нашата болница.

Но, она на што нашата болница исто посветува внимание е да бидеме во чекор со новата технологија.

Затоа што светот оди напред, а мораме и ние.

Европската очна болница во моментот го очекува новиот апарат за ласерско отстранување на диоптрија, Visumax, на познатата компанија Zeiss, со кој постои можност за изведување на Femtosecond Smile LASIK процедура.

Разликата во оваа процедура со класичната процедура на изведување LASIK е во тоа што е многу попрецизна во креирање на флапот и е НЕКОНТАКТЕН метод. Од друга страна времето на закрепнување на пациентите е пократко и видната острина е добра веднаш по процедурата. А секако, намален е и процентот на постоперативни компликации.

Отстранувањето на диоптријата со овој метод трае само 8 до 10 секунди, со највисока прецизност, подобар комфор и помал ризик од инфекции постоперативно.

 

Д-р Маја Иванова-Цеков

Специјалист офталмолог во Европска очна болница