По катастрофалниот настап во дебатата против Доналд Трамп, демократите разговарале за замена на Бајден во понатамошната трка“, пишува угледниот британски The Telegraph.
Како што наведуваат, во текот на 90-минутната пресметка Бајден мрморел, ги губел мислите и одвреме-навреме изгледал целосно збунет.
Њујорк тајмс пишува дека група демократски конгресмени сега размислуваат за нов претседателски кандидат откако виделе дека „пред нивните очи се одвива катастрофа“.
Дејвид Акселрод, поранешен висок советник на Барак Обама, им рече на новинарите дека ќе има дебата во Демократската партија за тоа дали Бајден треба да се повлече.
Џон Кинг, главниот дописник на CNN, тврди дека по завршувањето на дебатата, во Демократската партија се разгорела „длабока и агресивна паника“, пренесува Newseek.
„Беа ангажирани партиски стратези, избрани функционери и се почна веднаш по завршувањето на расправата.
Никол Валас, дописник на MSNBC од Белата куќа, изјави дека дебатата за процесот на замена на претседателскиот кандидат е „жива и активна на највисоките нивоа на Демократската партија“.
Во контекст на смената на Џо Бајден, досега се споменува само гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, пишува Јутарњи лист.