Олимпијадата е натпреварување каде што мора да го дадете најдоброто за да дојдете до добар резултат, сè со цел да ве забележи светот. Но, има и такви што беа забележани на друг начин, на неодамна завршените ОИ во Париз.
Една од најнеобично облечените натпреварувачки на Олимписките игри во Париз беше американската атлетичарка Рејвен Сондерс, која се натпреваруваше во фрлање ѓуле.
Покрај тоа што имаше зелено-виолетова фризура, она што многумина ги збуни беше маската што ја носеше постојано. Сега, во едно интервју, ја откри причината за тоа што носи маска.
- Сакам да бидам свој најголем поддржувач. На почетокот, слично како Хулк, ми беше тешко да ја кажам разликата меѓу „двете страни“. Низ моето патување, особено со справувањето со менталното здравје и слични работи, научив како да споделувам, на ист начин како што научи Брус Банер да го контролира Халк, научив како да го пуштам Хулк надвор во вистински моменти. Но, кога излезе Халк, Хулк кршеше сè што требаше да се скрши – истакна Сондерс.
Сепак, нејзиното патување во Париз, откако го имаше своето деби во Рио пред Токио, не беше лесно. Во 2021 година, сензацијата во фрлање ѓуле изјави за „Акција 5 вести“ дека понекогаш во нејзиниот живот мислите за самоубиство биле поразителни. Така, маската ѝ помогнала да не дојде до тој чин.