Никој не знае колку израелски заложници сè уште се живи

35

Портпаролот и член на политичкото биро на палестинската милитантна група Хамас, Осама Хамдан денеска изјави дека „никој не знае“ колку заложници во Газа се уште се живи.

На прашањето дали Хамас жали за нападот на југот на Израел на 7 октомври минатата година, со оглед на војната што следеше, Хамдан рече дека нападот врз Израел е оправдан бидејќи тоа е „реакција против окупацијата“.

„За тоа е одговорна израелската окупација. Ако се спротивставиш на окупацијата, тие ќе те убијат, но ако не се бориш против окупацијата, ќе те убијат и ќе те избркаат од вашата земја. Па, што требаше да правиме, само да чекаме?“ праша Хамдан од Бејрут, главниот град на Либан, во разговор за Си-Ен-Ен.