Ники Хејли: Трамп треба да престане да ја нарекува Камала Харис глупава – така може да победи!

104
EPA-EFE/CJ GUNTHER

Републиканката Ники Хејли изјави дека поранешниот претседател Доналд Трамп и неговиот кандидат за потпретседател, сенаторот Џ.Д. Венс треба да го променат начинот на кој зборуваат за жените и демократската противкандидатка Камала Харис и наместо тоа да се фокусираат на политичките ставови.

Во интервју за Фокс њуз, Хејли, поранешната гувернерка на Јужна Каролина и овогодинешниот ривал на Трамп во номинацијата за републиканската претседателска номинација, објасни зошто смета дека Харис има предност од 14 процентни поени меѓу жените гласачи.

„Мислам дека тоа е затоа што Доналд Трамп и Венс треба да го променат начинот на кој зборуваат за жените. Не мора да ја нарекувате Камала глупава. Таа не стигна толку далеку случајно. Таа беше обвинител. Не мора да зборуваат за интелигенција или изглед или што и да е, рече таа.

Хејли рече дека кога републиканците ги нарекуваат демократските жени „глупави“, тоа им пречи и на републиканските жени гласачи.

„Држете се до политиката, оставете се друго. Така Трамп може да победи.

И покрај тоа што изјави дека нема да го поддржи Трамп претходно оваа година кога се откажа од трката за претседател на републиканците, Хејли изрази силна поддршка за него во говорот на Националната конвенција на Републиканците во јули.