Францускиот авантурист Фреди Монтини (44) го исполни детскиот сон и се издигна меѓу облаците на „летечки тепих“. Тој со години се занимава со параглајдерство, па решил својата вештина да ја искористи за необичен подвиг. Монтини избра планински врв од 2.400 метри, а својата неверојатна авантура ја сними со камера.
„Со параглајдерство се занимавам 19 години, скокам со падобран 14 години, а летам со змеј девет години. Овие активности ми помогнаа да го совладам „летањето“ на тепих“, вели тој, пренесува Телеграф.
Тој додава дека се прашувал дали се вистинити митовите и легендите кои ги слушал како дете, пренесува Daily Star. Монтини истакнува дека бил безбеден благодарение на долгогодишното искуство и сигурен падобран.
„Тој беше мојата „заштитна мрежа“. Ако нешто тргне наопаку, ќе го испуштам тепихот и ќе го отворам падобранот“.
Тој признава дека „летечкиот тепих“ не е како оној од приказната за Аладин, туку дека го остварил својот детски сон.
Сакав да и пркосам на реалноста и тоа го направив“, заклучил тој.
Гледачите останаа без зборови, а многумина го сметаат за неверојатен, но опасен експеримент.
View this post on Instagram