Ненадеен силен ветер како торнадо ја „потресе“ плажата Неа Флогита на Халкидики, Грција, предизвикувајќи паника кај туристите. На социјалните мрежи кружи видео кое покажува дека поради силниот ветер во воздух летале чадори и други лични работи на туристите, додека тие се обидувале да си ги спасат животите.
За среќа, како што јавија локалните медиуми, нема повредени. Имено, се се случило вчера напладне, кога почнало силно да дува во околината на Неа Флогита и потоа наеднаш се создал виор кој однел се од плажата.
Како што можете да видите на видеото, чадорите на плажа и другите лични работи на капачите буквално се разнеле и полетале во воздух.
Покрај туристите кои веднаш се засолниле од плажата и чекале да се смири целата ситуација, имало и оние луѓе кои се труделе да ги држат чадорите и лежалките цврсто на земја за да не одлетаат и да предизвикаат уште посериозни проблеми.
За среќа феноменот кој траел околу една минута набрзо престанал и немало повредени.
View this post on Instagram